Испечати

Интегрални овошни мафини

Интегрални овошни мафини

Состојки

  • За 12 мафини
  • 2 јајца
  • 3 лажици мед
  • 120 мл млеко
  • 70 мл масло
  • 50 гр кафеав шеќер
  • прстофат сол
  • 210 гр интегрално пченично брашно
  • 70 гр овесни снегулки
  • 1 лажичка прашак за пециво
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • 200 гр исецкано овошје
  • За посип
  • 15 гр овесни снегулки
  • 1 лажица кафеав шеќер

Подготовка

Многу меки, сочни и здрави мафини. Кај мене спремени со праски, но може да ги подготвите со било кое овошје по ваш избор.

Во еден сад измешајте ги сите „суви“ состојки - интегралното брашно, овесните снегулки, прашокот за пециво и содата.
Во друг сад со миксер изматете ги јајцата, медот, шеќерот и солта, па додадете го млекото и маслото. Потоа додадете ги „сувите состојки“ и убаво измешајте со миксер.
На крај додадете го исечканото овошје и промешајте со лажица.
Во калапот за мафини ставете хартиени корпички и распоредете ја смесата.
Измешајте ги останатите овесни снегулки со шеќерот и посипете по малку врз секој мафин.
Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути (проверете со чепкалка).

Пријатен апетит!