Изливача
Пробајте...можеби ќе ви се допадне. Овој рецепт од ризниците на нашите баби, сега малку модифициран со тоа што наместо вода се додаваат јајца, додаток е и сирењето. Можеби ќе ви се допадне. Нашите баби ја правеа само со компир, кромид, вода и брашно.
1. Компирот излупете го, изрендајте, оставете го настрана.
2. Кромидот исто така излупен, изрендајте го.
3. Сирењето изронете го, не го рендате.
4. Истискајте го компирот од водата која ја пуштил, осолете, додадете го во него црниот пипер, ронетото сирење - измешајте. Додадете јајцата и брашното - повторно измешајте. Добиената смеса исипете ја во тавче погодно за да не биде толку висока изливачата (побргу и полесно се пече) на кое сте поставиле хартија за печење.
5. Ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200-250 степени.
Совет
-Смесата со јајцата и брашното треба да биде ретка, малку поретко од смесата за палачинки. Ова служи само да го поврзе компирот и не смее да се осети вкусот на брашното во изливачата.
- Треба да биде тенка - побргу и добро се пече, ако е подебела ќе ви остане недопечена.
- Доколку го сакате црниот пипер - препорака моја е да не го штедите многу, го дава оној убав шмек. Пробајте ја и на вкус за соленоста, а имајте во предвид и колку ви е солено сирењето или урдата.
- Секогаш ставам сирење, повкусно ми е така, а вие одлучете си сами што ке ставите. Може урда без проблем да се користи.
- Служете ја со кисело млеко, кисела павлака, јогурт или како ќе одлучите вие.
Да ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани
Od kaj da e receptot, ubavo bi doslo i kako prilog i kako samostojno jadenje :))
успеав да ја сликнам само последниов пат, бидејки направив дупла доза. рвите 4 пати ја снемуваше не оладена :) :) :) :)
ДЕЛИМАНО РОСТЕРОТ е совршен за дупла доза :)
и нормално, не е возможно јас да сликам, а некој да не проба да украде. умирам од смеење кога во кадар вака ќе ми улета рачето :) :) :) :)
Jas od sram nema da kazam kolku pati ja pravam... da ne pomislat deka samo toa jadam , brgu se pravi, vkusna.. a kolku sum nestrpliva dodeka se peci... mene i mirisot mi si dopaga... pozdrav za Damjana... normalno i Ognen...
Зашто до сега не си направила вакво нешто?
Преубаво