27
авг
2020
Зеленчукова тава со моцарела
Едноставно вкусно и лесно јадење подготвено од сезонски зеленчук.
Сите зеленчуци ги сечеме на коцки.
Во длабока вок тава стаклесто го запржуваме кромидот заедно со морковот. Ја додаваме пиперката,па сите останати зеленчуци според напишаниот редослед.
Се убаво заедно пржиме додека не омекнат зеленчуцит. Зачинуваме според вкусот, додаваме околу 300мл вода и оставаме се заедно да се динста околу 20 минути. Ставаме во земјена тава ја уклучуваме рерната на 200 степени и печеме околу 45 минути.
После поминатото време ја вадиме тавата и ја распоредуваме моцарелата и враќаме да се допече уште околу 10 минути.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а фотката исто така топ :)