7
ное
2014
Зеленчукова тава со пилешко
Во тава првин го пржиме празот на покрупно исечен, па го префрламе во тава за печење. Во истата тава ги пржиме компирите на коцки исечени и ги префрламе врз празот. Во истата тава ставаме путер и ги пржиме печурките и нив ги префрламе во тавата врз компирите, па ја пропржуваме брокулата и ја ставаме врз печурките и на крај го пржиме и месото и го ставаме врз брокулата. Додаваме 100 мл вода затвораме со алуминиумска фолија и печеме во рерна 30мин на 220 степени. Откако ќе се испече ја вадиме фолијата и рендаме кашкавал и ја враќаме тавата во исклучена рерна 10 мин. Сервираме со павлака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови