Ова е превкусен појадок, кој ќе ви ја даде потребната енергија за престојниот ден. Во мојот случај оваа каша е направена во посна верзија, меѓутоа доколку сакате може да употребите и обично кравјо млеко. Подготовката е многу лесна и брза, и буквално за 5 минути ќе имате превкусен појадок.

Подготовка

1. Темен дел - Во електричен сецко ставаме пола од овесните снегулки, пола од лешниците, лененото семе и какаото. Го вклучуваме сецкото до иситнување на содржината. Оваа смеса ја истураме во подлабок сад. Додаваме 60 мл од млекото (топло) и промешуваме до хомогенизирање. Заблажуваме со мед по вкус.
2. Светол дел - Постапката е иста, само тука освен овесните снегулки и лешниците, додаваме и сусам. Откако ќе се иситни оваа смеса, се истура во длабок сад и тука додаваме 40 мл од овесното млеко. Соединуваме и заблажуваме по вкус.

3. Во чаша ставаме прво од темниот дел, па од светлиот дел, пак темен дел, и завршуваме со светол дел од подготвената смеса. Одозгора ставаме сецкани лешници. Послужуваме веднаш.

*Забелешка - Ако правите посна верзија може да употребите и друго посно млеко по ваш избор. Исто така наместо лешници може да употребите други јаткасти плодови по ваш вкус. Ова беше мојот денешен избор. Оваа доза е за една чаша како на сликата.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани