Највкусното топло чоколадо подготвено дома, ќе ве стопли во овие зимски денови. Циметот и ѓумбирот ја даваат празничната нота.
За мирисот да не зборувам.
Млекото топлете го на тивок оган, додадете ја павлаката и мешајте додека не се соединат. Додадете го чоколадото и мешајте додека не добиете кремаста маса. Тргнете од оган, измешајте го екстрактот од ванила и зачинете.
Наросете со цимет и ѓумбир и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови