
29
авг
2020
Зачинети тиквички
Одличен прилог од тиквички за со риба или месо,превкусни а готови само за петнаесетина минути.
Тиквичката по вертикала ја сечеме на тенки ленти(не подебели од околу пет мм)
Лентите тиквичка на пек хартија ги редиме во плех и ги премечкуваме со преливот.
Прелив
Чешнињата лук ги толчиме во толчник, кога се убаво истолчени додаваме сол и маслиново масло. Убаво мешаме и пак толчиме уште малку. Ги додаваме зачините.
Лентите тиквички ги премачкуваме со преливот и ги печеме на 200 степени околу 10 до 12 минути.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови