Видео рецепт: Зачинети крукчиња од тиквичка со сладок чили сос
Еве еден познат рецепт кој го правиме позачинет со богат сладок чили сос и со додавање на зачин во лебните трошки. Тиквичките обично можат да се најдат преку целата година. Слаткиот чили сос исто така може да се купи, но овде Ви нудиме поефтина и посвежа верзија која се прави за само неколку минути.
Состојки
- 1 голема тиквичка
- 200 грама лебни трошки
- 4 супени лажици брашно
- 1 јајце
- 1 супена лажица истолчени чили пиперчиња
За сосот ќе Ви треба:
- 3 супени лажици чили во прав
- 2 супени лажици шеќер
- 1 супена лажица јаболков оцет
- 3 чешниња лук
- растително масло за пржење
- 300 милилитри вода
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Едноставно исечкајте ја тиквичката на кругови со дебелина од околу два ипол милиметри.
Чекор 2: Смесата со лебните трошки можете да ја направите сами такашто ќе смелете бајат леб, или можете да купите готова презла. Во зависност од Вашиот вкус, во лебните трошки ставете 1 или 2 супени лажици истолчени чили пиперчиња и измешајте.
За да ги направиме тиквичките ставаме брашно во една чинија и матиме едно или две јајца во друга чинија.
Чекор 3: Извалкајте ги крукчињата тиквички во брашното, потоа во јајцата и на крај покријте ги со зачинетата смеса од лебни трошки. И спремни сме за пржење.
Чекор 4: Пржете ги тиквичките во малку масло загреано на висока температура. Повремено превртувајте ги додека да се испржат и да станат крцкави од обете страни. Оставете ги на кујнска салфетка да се исцедат од вишокот масло пред да ги сервирате.
Чекор 5: За да го направите чили сосот, ставете вода, шеќер и јаболков оцет во загреана тава за сос заедно со исечканиот лук и чили правот и оставете ги состојките да крчкаат најмалку 10 минути додека да добиете леплив свиленкаст сос. Немојте премногу да го крчкате сосот затоа што ќе стане премногу леплив.
Чекор 6: Сервирајте со сосот на средина и крукчињата тиквичка распоредени на чинијата околу него.
СОВЕТ: Ова е повеќе ужинка отколку оброк, но претставува одлично мезе за вино или студено пиво. Убаво е од време на време во старите добри рецепти да вдахнеме нов живот со поинакви идеи. А, кој стар рецепт можете да го освежите Вие?
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Сад за сос
Дебелината на тиквичките треба да е 2,5 мм, а не см. На видеото убаво се гледа дебелината, па се надеваме дека никој нема да згреши.
Поздрав :)