Зачинети печени ореви со пиво
Вкусен апетисан, кој супер тргна кај нас со пиво.
Најпрво, јатките ореви се мијат со ладна вода. Веднаш по миењето добро се посолуваат и се ставаат во рерна да се потпечат, едно 20тина минути, на температура од 200степени.
Настрана, со вилушка се разматува една белка и воа неа се додава пивото. Во оваа смеса се додава повторно сол, мешан сув зачин, лук во прав и оригано.
Откако ќе се исушат оревите, со лажица постепено се попрскуваат со смесата од белки и пиво. Мора да внимавате само кога ја ставате белката во оревите, да не е наеднаш, бидејќи од жештината ќе се згрутчи и ќе се налепи само на неколку парчиња. Убаво се меша и повторно се враќаат да се запечат. Наредното ставање во рерна е исто на 200степени и е околу половина час.
Забелешка - Оревите доколку се исушени и постари можеби ќе треба да ги запечувате помалку време, Моите беа пресни, туку што собрани од дрвото :)
Додека се печат, промешувајте ги од време на време со лажица!
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ајде и ова да ставиме на проба.