23
фев
2015
Запечен прокељ
Во вода на оган го ставаме прокељот да зоврие и омекне.
Во водата додаваме сол.
Тавата ја подмачкуваме со путер.
Прокељот го цедиме и редиме во тавата.
На страна се мати павлаката со лебните трошки.
Се зачинува со морско оревче,бибер и сол.
Се полеваат малите зелкички,а потоа се покриваат со рендан кашкавал.
Тавата се става да се пече додека не се згусне убаво смесата.
Служете со некоја прженица или свежа салата.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови