Запечени јајца со колбаси и сос
Варените јајца пресечете ги на пола по должина, извадете ги жолчките, а белките наредете ги во садот каде ќе ги печете.
Колбасите излупете ги и направете 8 топчиња од смесата за колбаси. Во секоја половинка белка од јајце ставете по едно топче од колбас.
За бешамелот, ставете го маслото да се загрее. Додадете го брашното и кратко потпржете го. Потоа постепено додадете го млекото топло и мешајте да нема грутчиња. Жолчките од јајцата испасирајте ги со вилушка со малку вода (ова е за да не останат грутчиња) и додадете ги во бешамелот. На крај додадете го и сенфот и зачинете по вкус со сол и бибер.
Над секоја половинка јајце со колбаси ставете од бешамелот. На крај изрендајте го кашкавалот и ставете се да потпече на 180-200 степени околу 25-30 минути или додека не се испечат колбасите и се не добие убава боја.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани