Ова е рецепт за брзи, едноставни и декоративни залачиња
1. Од лебот со кружно калапче вадиме кругчина (јас вадам по 3). И од марулата, кашкавалот и шунката исто така вадиме кругчина.
2. Лебчината ги мачкаме со кремсир намаз. Врз секое ставаме марула, шунка и на крај кашкавал.
3. Украсуваме со зелена маслинка со пиперка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани