Испечати

Залачиња

Залачиња

Состојки

  • 1 паковање сечен квадратен леб
  • 14 парчиња шунка
  • 14 парчиња кашкавал
  • 5 големи листови марула
  • 100 г зелени маслинки со пиперка

Подготовка

Ова е рецепт за брзи, едноставни и декоративни залачиња
1. Од лебот со кружно калапче вадиме кругчина (јас вадам по 3). И од марулата, кашкавалот и шунката исто така вадиме кругчина.
2. Лебчината ги мачкаме со кремсир намаз. Врз секое ставаме марула, шунка и на крај кашкавал.
3. Украсуваме со зелена маслинка со пиперка.