Жива чоколадна торта
Трагајќи по жива чоколадна торта која ќе ги задоволи вкусовите на сите членови на моето семејство, по неколкукратно експериментирање, дојдов до овој рецепт. Среќна сум што конечно успеав да направам жива торта која нема да е преблага за мој вкус и од која ќе можам да изедам парче со стандардна големина, што до сега не ми се случило со други живи десерти.
1. Лешниците и бадемите се блендираат до најситно, а потоа им се додаваат една лажица какао и искиснетите урми. Се продолжува со блендирање до изедначување на смесата.
2. Сместата се натапкува на калап за торта претходно обложен со фолија и се става во замрзнувач.
3. Индиските ореви се ставаат во блендер со малку вода и се блендираат дури не се добие кремаста смеса. Со добар блендер ви се доволни само неколку минути. По потреба може да додавата вода во процесот на блендирање.
4. Преостанатото какао, агавето, медот и растопеното кокосово масло додајте ги во бленерот и продолжете со блендирање до изедначување на смесата.
5. Кремот прелијте го врз првиот слој и вратете го во замрзнувач додека не се стврдне, а потоа префрлете го во фрижидер.
6. Пред сервирање декорирајте со рендано темно чоколадо, или доколку сакате овој десерт да е сосема жив, може да попрскате со мелен рогач или кокосово брашно.
Доколку сте љубители на многу слатки десерти, слободно зголемете ја количината на засладувачите оти со овие колични на агаве и мед тортата не е воопшто блага.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови