За мене и моето семејство совршена.
Не многу блага и прекрасна торта.
За почеток на оваа торта потребно е да се излупат и да се исецкаат јаболката на тенки ленти.
( како на сликите )
Исечете еден лимон, исцедете го сокот, па полејте ги јаболката и благо промешајте.
Со бурбон ванилата, циметот и 50 грама обичен шеќер, зачинете ги јаболката.
Оставете на страна да си впијат јаболката.
Во сад на страна се замесува тесто од следните состојки
500 гр брашно се помешува со 2,5 лажици пециво.
Се додава 150 гр.шеќер,1 ванила,2 јајца и 200 гр путер кој е со собна температура.
Замесеното тесто се дели на два дела. Едниот дел веднаш се расплеснува во тавата како подлога.
Јас ставив хартија за печење на подлогата, па ја расплеснав кората.
Направив венец од страната кај ѕидовите од тавата, за кога ќе го ставам филот да има пречник.
Јаболката веќе спремни ги префрлам во тавата и ги распоредувам насекаде.
Од останатото тесто, кинам ситни парченца и ги фрлам по периферијата на садот.
Така со мали делчиња ја покривам цела тава, цел фил од јаболката.
Земам уште 50 гр шеќер и попрскувам на површината, па ја ставам тавата да се пече во загреана рерна.
Печеме 40 минути на 180 степени.
(ЗАВИСИ КАКО ВИ ПЕЧЕ РЕРНАТА, ЈАС НАМАЛИВ НА 150 ПОСЛЕДНИТЕ 10 МИНУТИ )
Откако е печена тортата од јаболка, извадете ја и оставете да излади, па сечете.
Колку повеќе стои, толку е повкусна.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови