Испечати

Есенска Торта Со Јаболка

Есенска Торта Со Јаболка

Состојки

  • 3 Јајца
  • 300гр Шеќер
  • 1 Ванила
  • 225гр Кисело млеко
  • 90мл Зејтин
  • 375гр Брашно
  • 1 Пециво
  • 4 Јаболка (средна големина)
  • 1г.л. Какао
  • 1г.л. Прав шеќер

Подготовка

Јаболката се познати како едни од најпопуларните овошја ширум светот. Најдобро е да се конзумираат свежи, но можете исто така да направите разни превкусни есенски десерти од нив, како на пример оваа превкусна торта која воодушевува со нејзиниот вкус и мирис.

Подготовка
1. Ги матиме јајцата заедно со шеќерот и ванилата.
2. Потоа ги додаваме киселото млеко, зејтинот, па на крај брашното претходно измешано со пецивото.
3. Пола од смесата ја истураме во тавче број 26 (врз хартија за печење и странично премачкана со маргарин) врз неа наросуваме со помош на цедалка насекаде какао, па ја додаваме и другата половина од смесата.
4. Потоа ги редиме јаболката, кои претходно сме ги измиле, излупиле и исекле на четвртинки...на кои им правиме засеци, но не до крај.
5. Печеме во загреана рерна на 170 степени (проверуваме со чепкалка) околу 1,5 час.
6. Изладената торта ја посипуваме со прав шеќер.

На здравје