Велат дека по утрото денот се познава. Во рецептов по состојки слаткотијава се претвкусува, а кога пак навистина ќе се вкуси, одлично задоволство на непце е. Рецептов е посен и вегетаријански, а ако се замени медот со друг засладувач може да е и вегански.

Подготовка
1. Овесните снегулки ги мелеме во Нутрибулет или некој друг блендер. Оревите ги сечкаме или и нив ги блендираме.
2. Чоколадото, путерот од кикирики, медот и кокосовиот путер ги ставаме на ниска температура да се растопат и соединат. Може да ги растопите и во микровална печка.
3. Сите состојки ги соединуваме и ги распоредуваме во четвртаста модла или помало тавче, може и во силиконски калап
4. Ги оставаме во фрижидер да се стегнат и соединат вкусовите. Сечеме коцки и сервираме.

Забелешка
Овесните снегулки може и да не ги мелете туку цели да ги соедините, ама мене оваа варијанта ми е посоодветна, поубаво ми изгледаат, не ми се толку крцкави и затоа ги мелам.
Коцките ќе бидат идеално мазни и совршено исечени доколку ви стојат во фрижидер, па потоа да ги исечете. Моите домашни ги оставиле надвор од фрижидерот, а јас едвај стасав да ги фотнам, па кога ги сечев малку беа поровки, т.е. не беа идеални за фоткање како што јас сакав и како што вистински изгледаат.
Како и да е, вкусот им е фантастичен!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани