Енергетски коцки
Состојки
- 300 гр чоколадо
- 200 гр путер од кикирики
- 100 гр мед
- 40 гр кокосов путер
- 140 гр кокосово брашно
- 140 гр сечкани ореви
- 140 гр овесни снегулки
Подготовка
Велат дека по утрото денот се познава. Во рецептов по состојки слаткотијава се претвкусува, а кога пак навистина ќе се вкуси, одлично задоволство на непце.
Подготовка
Овесните снегулки ги мелеме во Нутрибулет или некој друг блендер. Оревите ги сечкаме или и нив ги блендираме.
Чоколадото,путерот од кикирики, медот и кокосовиот путер ги ставаме на ниска температура да се растопат и соединат. Може да ги растопите и во микровална печка. Сите состојки ги соединуваме и ги распоредуваме во четвртаста модла или помало тавче. Оставаме да се стегнат и соединат вкусовите. Сечеме на коцки по потреба или идеднаш.
Забелешка
Коцките ќе бидат идеално мазни и совршено исечени доколку ви стојат во фрижидер па потоа да ги исечете. Моите домашни ги оставиле надвор од фрижидерот, а јас едвај стасав да ги фотнам, па кога ги сечев малку беа поровки, т.е. не беа идеални за фоткање како што јас сакав и како што вистински изгледаат. Како и да е, вкусот им е фантастичен!