Енергетски бомбици од 3 состојки
Од три здрави состојки солидно вкусна енергетска смеса - за чокољупците создадена.
Постапка како јас ги направив
- Во сецкото ставете ги веќе исчистените и пресовани урми (нели такви ги има во трговијата), ги додавате оревите, какаото и водата. Целото ова треба да се добро измеша и да се добие фина компактна смеса. Извадете ја смесата и формирајте форми кои вие ќе сакате да ги имате. Јас правев бомбички, големината ја одредував со тоа што црпев по 1 лажичка од смесата.
- Формирани бобмичките ставајте ги на хартија за печење за да не ви се залепат на подлогата.
Откако сте ги формирале посипете со какао, можете со грубо сецкани ореви, кокос или мелени ореви.
Напомена
Оригиналниот рецепт вели дека урмите прво треба да се исчистат од семките, треба да се потопат во вода и да одстојат околу 10 минути и доколку сакате можете да ги излупите. Доколку користите од свежите урми - нели и нив ги има во трговијата, направете го истото но да одстојат во водата само 5 мин.
Јас ја упростив оваа цела постапка така да купив од веќе сомелените урми, исчистени од семките - ги ставив во сецкото со останатите состојки и за 5 мин. добив убава смеса за формирање, но ставив 3 лажици вода. Ако работите со цели урми кои ќе ги ставите да стојат во вода тогаш нема да е потребно додавање на водата. Тие веке се доволно меки и сочни.
Иако нема чоколада во нив... непцата ви кажуваѕ дека јадете квалитена чоколада.
Одлични, само 3 состојки, потребно ми беше само 15 мин. за да ги поставам на тањирот. Доколку дозволете да одстојат барем 5-6 часа.. е тогаш веке вкусовите се соединети и навистина голем шмек имаат. Можат да стојат во фрижидер до 10 дена добро запакувани во кутија.
Совет до чокољупците... веднаш правете дупла доза.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани