Рецептот за овие бомбици е од око, ама се превкусни. Исто така може да ги замрзнете ако ги останат и кога ќе ги извадите се исто вкусни, не го менуваат вкусот.

Подготовка:

1. Најпрво ги ставаме урмите во вода да омекнат. Откако се омекнати ги ставаме во блендер и ги мелеме состојките. Ако ви е малку сува смесата слободно може да додадете од водата во која беа урмите.
2. Од така добиената смеса правиме мали топченца, кои околу час, два ги оставаме во замрзнувач да се стегнат. Потоа додека се сеуште ладни, ги поливаме со растопено црно чоколадо. Уживаме со убаво кафе и чоколадни здрави бомбици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови