Здрави енергетски бомбици (посно)
Здрави, вкусни бомбици кои ќе ви дадат енергија за целиот ден. Овесните снегулки ќе ве држат сити подолго време, а урмите и бананата се богати со витамини и хранливи материи.
Подготовка -
1. Овесните снегулки ги блендираме. Бананата, урмите и медот исто така ги блендираме.
2. Потоа се соединуваат состојките и формираме бомбици веднаш (или оставете ја смесата кратко во фрижидер). Бомбиците ги увалуваме во кокос и какао.
Совет - по вкус додадете 1 лажица кокосово масло и суво овошје по ваш вкус (смокви, грозје, сливи...)
Медот ако сакате може да го изоставите.
Овесните снегулки додавајте ги постепено, јас искористив точно 100 гр, ама зависно големината на бананата може незначително да варира количината.
Лиценца: Сите права се задржани