Експрес салата
Поедноставна подготовка на салата здравје, брзината не и е единствена убавина туку и одличниот вкус. Можеби веќе сте ја подготвувале или пробале, ама еве од мене едно подсетување.
Подготовка.
Во касерола ги ставаме компирите да се варат исто ги вариме и морковите и јајцата. Откако ги сваривме пола работа е готова го земаме рендето и започнуваме со подготвување. Редоследот на рендањето за мене небитен започнете со компир, морков ,посолете рендајте јајца нанесете павлака веднаш шунка, сирење ,кисели краставички па мајонез и постапката повторете ја колку што ви дозволува големината на зделата.
Украсете по желба сервирајте и уживајте!!!
Лиценца: Сите права се задржани