25
фев
2016
Експрес пирошки од тост леб
Драги мои, еве уште еден рецепт од мојата кујна кој често го подготвувам, а се надевам дека ќе Ви се допадне.
Парчињата од лебот со помош на сукало се истенчуваат. Врз секое парче леб се става по едно парче кашкавал и едно парче шунка и се виткаат ролатчиња.
Јајцата се матат со сол, бибер и малку оригано.
Ролатчињата се валкаат во јајцата па во презла и така подготвени пирошките се пржат во загреан зејтин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови