Еклери со еурокрем во филот (без пециво)
Овој рецепт го имам од многу одамна и секогаш ги подготвувам по овој рецепт. Секогаш ми испаѓаат како што сакам и затоа се чести на нашата трпеза. Се надевам ќе ви допаднат и вас па ќе ги испробате.
1. Во тенџере на оган ставте ги водата и маслото да почнат да вријат. Откако ќе почнат да вријат додајте го брашното и мешајте постојано се додека да добиете тесто (да се собере) па тргнете го садот од оган и оставете да се олади смесата.
2. Во оладената смеса додајте ги едно по едно јацата матејќи со миксер. Матете со миксер 5 минути.
3. Со лажица земајте од смесата па ставајте ги на претходно намрсен плех со марганрин. Од смесата земајте само еднаш и веднаш ставајте ги на плехот без да ја обликувате формата со друга лажица бидејќи што повеќе ја обликувате нема да бидат воздушести во печењето бидејќи немаат прашок за пециво.
4. Еклерите ставете ги во претходно загреана рерна од 180С - 10 минути па по 10 изминати минути покачете ја температурата на 230С уште 15-20 мин се додека да добијат златно-кафеава боја. Секогаш ги печам на овој начин и секогаш ми испаѓаат како што сакам воздушести. Имам пробано и обратното прво 230С, па потоа на 180С но не ми испаѓаат воздушести како што треба да бидат.
5. Во тенџере на оган ставте 400 мл од млекото и додајте го шеќерот. Со преостанатите 200 мл промешајте го пудингот. Кога ќе биде пред почеток на врење млекото додајте го пудингот промешан со 200 мл од млекото и мешајте се додека ја добиете потребната густина. Потоа тргнете го садот од оган ставте и најлонска фолиа над пудингот за да не направи кора и оставте го да се олади.
6. Во друг сад со миксер изматете го маргаринот, додајте го оладениот пудинг и еуро кремот. Матете се додека да се соединат.
7. Еклерите исечете ги на половина па филувајте ги со помош на мало лажиче. Може да се филуваат и со шприц, но јас секогаш ги сечам на половина па ги филувам со мало лажиче како на сликата 2.
8. Откако ќе завршете со филување накапете ги еклерите со претходно растопеното чоколоадо со масло. Добар Апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Ama eve se porazbarav i i tuka imalo nekoi recepti so prasok za pecivo. :)