22
окт
2015
Евтина и брза мусака
Еве ме и мене повторно назад со еден брз, а многу вкусен рецепт
Компирите се варат убаво и се лупат.
Главицата кромид се ренда и се пржи на малку масло додека омекне, потоа се додава дробеното сирење и сецкана салама и се меша убаво. Во намрсено тавче бр.26 се става еден ред компири исечени на тркалца, потоа филот од кромид сирење и салама и пак еден ред со компири, се посолува се додава бибер. Јајцата се кршат и се матат со вилушка и се полева преку компирите, врз нив се ренда кашкавалот и се става во рерна да се запече.
На здравје !!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови