Многу едноставно за спремање, а вкусно, миризливо домашно слатко.

Прво вишните се мијат, па им се отстрануваат семките.
Се ставаат во тенџере во кое ќе се вари слаткото.
Преку вишните се става шеќерот, кој може да варира со 100 гр, се во зависност од тоа колку се благи вишните. Се става и прстофат лимонтус, за да не се распаѓаат при варењето.
Се остава во фрижидер преку ноќ, вишните да го пуштат својот сок.
Другиот ден, утрото се ставаат на шпорет и се вари слаткото.
Тенџерето благо се протресува со рацете, лево, десно, не се меша, со цел вишните да останат цели.
Во текот на варењето, се отпенува слаткото, со помош на чиста лажица.
Се вари од 25-30 минути.
Готовото слатко се трга од шпорет и се покрива со чиста наводенета кујнска крпа.
Нека стои така се додека потоплно не се олади.
Потоа се збира во чисти тегли и правец на рафт со зимница.

Одлично одговара со сладолед, палачинки, пржени лепчиња

Забелешка-Марелиците се хибрид меѓу цреша и вишна. По надворешниот изглед на стеблото марелиците личат на цреши, а по плодот на вишна. Постои мал број сорти марелици, а кај нас најпозната е автохтоната сорта по потекло од Битола, позната како Битолска марелица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани