24
јун
2014
Сладолед со слатко од вишни
Шлагот матете го со постојано додавање на ладното млеко. Да бидам искрена не знам точно колку млеко, ама отприлика околу 300мл. Кога убаво ќе се избие во шлагот додадете го и претходно растворениот желатин со водата. Уште еднаш убаво изматете и турете го во каков сакате калап. Јас го ставив до долг калап. Оставете го во замрзнувач околу 1 час. Пред да го ставите во фрижидер стопете го чоколадото и потурете одозгора. Кога ќе се стврдние за да можите да сечите парчиња, потурете слатко од вишни и уживајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови