Домашно слатко од крушковидни смокви
Најчесто слатко од зрели смокви се подготвува од оние Валандовските, Гевгелиските, топчести смокви, кои се и помали, и кои бараат повеќе работа, лупење, па стоење во варова вода....
Но, на подарок добив поголема количина на домашни крушковидни смокви, па си реков дел да ги направам како слатко.
Прекрасно е слатково и смоквите воопшто не пукнаа при варењето.
Прво на измиените смокви им ги одстрануваме со нож по малку од дршките.
Ги оставаме на страна.
Во поширока касерола ставаме шеќер, лимонов сок и вода.
Оставаме на тивок оган шеќерот да се растопи.
Од кога ќе почне да врие ги додаваме смоквите внимателно.
За време на варењето не ги мешаме, туку само протресуваме и ја одстрануваме пената која ја испуштаат.
Вариме 90 минути, односно густина на шербет проверуваме на чисто тајнирче.
Со влажна крпа го покриваме слаткото и оставаме да се излади.
Го собираме во чисти тегли.
Јас добив 2 големи тегли.
Лиценца: Сите права се задржани
Haha mnoooogu ubavo e
Ovaa godina edvaj nandov ubavi, a mojot recept se izgubi!
Se nadevam i jas na skoro vrakanje na izgubenite recepti od site nas