Подготовка:

1. Во длабок сад се кршат јајцата и се матат со вилушка, заедно со солта. Потоа се додава млекото и постепено просеаното брашно. Се меси убаво околу 20мин. Tестото не е големо, па така може убаво да се измеси. За да се види дали е убаво измесено, се зема нож и се сече тестото на средина. Ако има дупчиња во тестото значи готово е. Се дели тестото на два дела и се замотува со прозирна фолија. Се одмара 30мин.
2. Се зема едното тесто, се сучи кора и се сече на квадрати (како на сликата). Потоа со машинката се поминува секој квадрат на 3, па на 1. Така се ставаат на чист чаршав да се сушат. Се повторува постапката и со другото тесто. Корите се сушат 30мин на промаја. Кога ќе стврднат малку, се сечат (слика) на ленти долги 7см и се поминуваат низ машинката. Се оставаат на јако сонце, да се сушат. Лани правев кршени јуфки, оваа година вакви на машинка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани