Домашни јуфки
1. Сите тие состојки ги соединуваме со рака во длабок сад. Кога тестото ќе биде тврдо го делиме на 3 еднакви дела, кои потоа ќе ги намачкаме со зејтин и ќе ги покриеме со најлон кеса. Тестото се остава да стои 3 - 4 часа.
2. Од еден дел се сечат 5 - 6 ленти, кои секои од лентите првo ќе поминат на машината за јуфки со број 2, потоа со број 4 и со број 6, но сето тоа ќе го направите без да оставате лентите да се сушат.
3. Кога ќе завршите со лентите истите ги оставате да се исушат, откако ќе се исушат собирате по неколку ленти и ги сечете рачно, но за да не се мачите може јуфките да ги исечете и на машината со број 7.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
конечно. тоа што ми требаше, а никаде го немаше :) :) :) :)
ама искомбиниравме начин на правење и сушење со оној рецепт од мирјана чешларовска, каде што се сушет цели парчиња па се кршат.
мораше така за да скратиме на време. начекавме редок момет две деца да спијат :) :) :) :)
еве ги сварени, прелеани со врел зејтин во кој е спржена презла и нарендавме на крај сирење :)