Домашни јуфки
Состојки
- 10 јајца
- 1 кг. и 650 гр. брашно
- 330 мл. млеко
- 1 лажица сол
Подготовка
1. Сите тие состојки ги соединуваме со рака во длабок сад. Кога тестото ќе биде тврдо го делиме на 3 еднакви дела, кои потоа ќе ги намачкаме со зејтин и ќе ги покриеме со најлон кеса. Тестото се остава да стои 3 - 4 часа.
2. Од еден дел се сечат 5 - 6 ленти, кои секои од лентите првo ќе поминат на машината за јуфки со број 2, потоа со број 4 и со број 6, но сето тоа ќе го направите без да оставате лентите да се сушат.
3. Кога ќе завршите со лентите истите ги оставате да се исушат, откако ќе се исушат собирате по неколку ленти и ги сечете рачно, но за да не се мачите може јуфките да ги исечете и на машината со број 7.