Домашни кори (со млеко и кисела вода)
Денеска си бевме вредни и си направивме домашни кори.
Најпрвин јајцата се матат со миксер заедно со солта. Во голем сад се става брашното (не цело), се става маслото, па се додаваат јајцата полека, постепено додавајки го млекото и киселата вода се замесува тесто. Измесеното тесто се дели на 2 дела. Секој дел се премесува на масата и се дели на топчиња. Од двата дела треба да се добијат 45 топчиња. Топчињата се редат во намрсена тепсија и секое топче посебно одозгора се премачкува со зејтин. Па сукалото во рака и се сукат тенки кори. Корите се редат на чаршави и се оставаат на сонце да се исушат. Исушените кори се собираат на поголем чаршав и се оставаат уште 2-3 дена да се исушат убаво, се собираат во хартиена врека.
Ние си направивме и баница со сирење на крај за добро завршената работа се наградивме..
Лиценца: Сите права се задржани
само една забелешка: НЕМАШ ШТИПКИ на сушарата :) :) :) :)