За овој рецепт освен млеко во прав и шеќер во прав, се користи и таан. Јас во случајов употребив домашно направен таан по оваа рецепта <а титле=ЌДомашен Сусамов ТаанЌ хреф=Ќ/пост/%Д0%Б4%Д0%БЕ%Д0%БЦ%Д0%Б0%Д1%88%Д0%Б5%Д0%БД-%Д1%81%Д1%83%Д1%81%Д0%Б0%Д0%БЦ%Д0%БЕ%Д0%Б2-%Д1%82%Д0%Б0%Д0%Б0%Д0%БД%Д0%БФ%Д0%БЕ%Д0%Б2%Д0%Б5%Д1%9Ц%Д0%Б5Ќ>хттпсЧ//моирецепти.мк/пост/домашен-сусамов-таанповеќе , но вие доколку сакате може да употребите и купен таан.

Подготовка

1, Во длабок сад ги ставаме млекото во прав и шеќерот во прав, ги соединуваме, па ги просејуваме за да нема грутчиња.

2. Во оваа смеса се додава постепено од таанот, се до добивање на потврдо и ронливо тесто (слично како песок).
3. Во калап обложен со стреч фолија ја ставаме и убаво ја притискаме смесата со помош на лажица. Нека отстои неколку часа во фрижидер да се стегне доволно, па сечеме на парчиња.

Забелешка - Доколку сакате да ви биде двобојна алвата како мојата, тогаш во еден дел од смесата додадете какао и уште многу малку таан, и редете ги смесите наизменично. Состојките може да ги менувате според вас, битно е да се запази соодносот на млекото во прав и шеќерот во прав, односно да бидат во иста количина, а таанот се додава по потреба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани