Испечати

Домашна таан алва

Домашна таан алва

Состојки

  • 100 гр Млеко во прав
  • 100 гр Шеќер во прав
  • по потреба Таан
  • По желба - плус малку какао.

Подготовка

За овој рецепт освен млеко во прав и шеќер во прав, се користи и таан. Јас во случајов употребив домашно направен таан по оваа рецепта https://моирецепти.мк/пост/домашен-сусамов-таанповеќе, но вие доколку сакате може да употребите и купен таан.

Подготовка

1, Во длабок сад ги ставаме млекото во прав и шеќерот во прав, ги соединуваме, па ги просејуваме за да нема грутчиња.

2. Во оваа смеса се додава постепено од таанот, се до добивање на потврдо и ронливо тесто (слично како песок).
3. Во калап обложен со стреч фолија ја ставаме и убаво ја притискаме смесата со помош на лажица. Нека отстои неколку часа во фрижидер да се стегне доволно, па сечеме на парчиња.

Забелешка - Доколку сакате да ви биде двобојна алвата како мојата, тогаш во еден дел од смесата додадете какао и уште многу малку таан, и редете ги смесите наизменично. Состојките може да ги менувате според вас, битно е да се запази соодносот на млекото во прав и шеќерот во прав, односно да бидат во иста количина, а таанот се додава по потреба.

На здравје!