Кому не му е познато? Разранети детски колена и рани на рацете или лактите се честа појава во детските денови. Но, и болните исекотини и изгореници во кујната на кои им треба време за да се излекуваат. Добрата маст за рани и лекување и помага на кожата да се регенерира, одржувајќи ја еластична и спречува да се размножуваат бактериите. Во домашната кујна многу ефтино може да се направи прекрасен, природен крем за заздравување на раните. Маста од календула, исто така наречена маст од невен, помага при повреди на кожата, сува кожа и многу други заболувања.

Подготовка
Во тенџерето налејте вода околу 2-3см да го покрива дното и ставете на средна температура да се загрева.
Во тегличка ставете ги какао путерот и восокот и ставете ја теглата во загреаната вода. Од време на време промешувајте за рамномерно да се стопат путерот и восокот. Откако се стопиле извадете ја теглата и ставете ја на страна малку да излади. Во друга тегла ставете го маслото од невен и него загрејте го до 30 степени во водената бања.
Маслото се додава постепено во смесата од путер и восок и за цело време се меша. Мешајте со лажичка додека да добиете смеса која наликува на маст (ова трае малку подолго). Кога смесата ја добила посакуваната конзистенција, налејте ја во тегличките за складирање на маста, оставете потполно да се излади па затворете со капаци.
Окако ќе ја отворите тегличката, маста искористете ја во рок од 1-3 месеци и складирајте ја во фрижидер.

Напомена
Рецепт за масло од невен имам поставено тука на странава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани