Мелем, чај и тинктура од невен
Невенот како растение е познат многу одамна и се користи за лекување на кожата и кожни болести.
Се надевам дека овој лек го знаат многумина, но убаво е да се преслушаме и потсетиме.
Денес невенот се смета за многу важна билка, па од него се подготвуваат многу мелеми, тинктури, масти, чаеви и слично за лекување на органите за варење, кожата, тумори, циркулација и . т. н
Јас денес ќе пишам неколку рецепти, на пример мелемот со невен.
Го подготвувам на следниот начин.
Земам околу 400 гр сланина не солена.
Ја мијам неколку пати со топла вода
( јас 9 пати )
па потоа ја сецкам на ситни парченца како за пржење пршки.
Топам сало и веднаш ги додавам листовите, цветови и дршките ситно исецкани.
Можете и на блендер.
Пржете така на тивко. Бојата ќе се смени. Маста ќе се направи портокалова.
Оставете на страна околу 5 часа.
Затоплете уште еднаш и процедете со цедалка.
Оставете на излади и готовиот мелем употребувајте го кога имате флеки на лицето, проширени вени, за смирување на инфекции, брзо зараснување на рани....
Ситните парченца што ќе останат од сланинчето заедно со цветовите, веднаш можете да ги префрлите на газа и да се нанесат на болните делови.
На пример ова е одличен лек за пост операциони зафати кај градата на жената, па делува на тој начин што не ја затегнува раната.
Сега малку за тинктурата.
Во литар ракија се става една рака цветови од невен.
Се остава да стои на светло 14 дена на 20 степени отприлика. Прецедете и чувајте на темно. Премачкувајте ги болните делови.
Чајот од невен
1 полно лажиче цвет од невен се попарува со 200 мл вода, се пие 3-4 пати на ден. Изладен чајот може да служи како облоги за воспалени места, за испирање на грлото и др болести....
Можеби на овој рецепт, не му беше местото овде затоа што не е храна, но сметав дека не е лошо да се сподели.
На здравје со помош на природата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови