Домашен леден чај од праски
За време на „тропските“ жештини, важно е да пиете доволно течности, но водата брзо се досадува, а купените сокови понекогаш се премногу слатки.
Затоа ви предлагам да направите сопствен чај со вкус на праска!
Ледениот чај е лесен за правење.
Можете да го подготвите од омилениот зимски чај, којшто само треба да го изладите и да додадете мраз, а исто така можете да експериментирате со правење комбинации со свежо сезонско овошје и цитрус.
Неговата најголема предност во однос на купените производи од овој вид е тоа што е целосно природен и здрав- без вештачки бои, адитиви, конзерванси и слични адитиви.
Водата ја ставаме во касерола, до точка на вриење, а потоа огнот го исклучуваме
Ставете чај во водата и исцедете го по 5 минути.
Засладете со мед по вкус и оставете да се излади.
Исечете ги праските и додајте ги во чајот.
Додадете и кришки и сок од лимон.
Оставете во фрижидер преку ноќ.
Послужете го следниот ден со или без праски со многу мраз и неколку парчиња лимон, ливчиња свежо нане...
Лиценца: Сите права се задржани
Probaj tebe, uzivanje za merak e
Patem da te izvestam deka reporter.mk na facebook si go objavile celosno receptot so slika so se.
Vlegov da vidam da ne ima navedeno izvor ama ne.
Ни прв, ни последен пат е да ни се крадат рецептите
Но нека им биде на чест
Се изморив од докажување