Домашен карамел сос
1. Во сад на оган ги ставаме шеќерот и густинот, додаваме малку вода (колку само да се навлажнат состојките). На средна температура мешаме постојано се додека да се карамелизира смесата.
2. Потоа го додаваме млекото (топло), и притоа внимаваме да не се изгориме, бидејќи можно е да прска, затоа додадете го млекото полека и постепено.
3. Продолжуваме со подготовката со постојано мешање се додека не се растопи целосно карамелизираната смеса.
4. На крај го додаваме путерот, мешаме да се растопи и тргаме настрана. По желба додадете прстофат сол (не е задолжително).
5. Готовиот карамел го оставаме да олади, па го префрламе во соодветен сад и го чуваме во фрижидер.
Забелешка -
Густината на сосот по желба регулирајте ја со зголемување или намалување на количината на млекото.
Вака приготвениот карамел може да го користите како прелив за торти, колачи, палачинки, овошна салата, сладолед...
Лиценца: Сите права се задржани
Nemam probano so gustin.
Prakticen sovet
П.С. Баш ми е мило што сте го направиле и бендисате :)
Поздрав