Доматно пире
Доматите подготвени на овој начин имаат долг рок на траење. Верувам дека скоро сите подготвуваат домати за во зима и на многу им е познат овој начин, но сепак решив да го споделам за помладите домаќинки затоа што е многу едноставен, а сепак без конзерванс и други додатоци со што се задржува природниот вкус на доматите.
Доматите се мијат и се редат во подлабок сад. Се полеваат со вриена вода, се покроваат и се оставаат така да одседат 5 минути. На овој начин најлесно се одстранува лушпата и тоа домакински-без фира.
Значи доматите се лупат и потоа се рендаат на крупната страна од рендето. Ако сакате пирето да биде без семенки тогаш користете специјална машина за мелење која ги задржува и лушпата и семките. Јас не ги одстранувам семките и затоа ги рендам доматите.
Од како ќе завршиме со рендање се ставаат доматите во подлабок лонец и се варат на средна температура со повремено мешање. Додека се варат доматите се мијат шишиња или тегли и се ставаат во рерна на 100 степени убаво да се загреат-стерилизираат. Од како ќе се сварат доматите се додава шеќерот и солта, се меша и се собира во врелите шишиња. Се затвара убаво, да се олади и се сместува кај другата зимница.
Ова пире редовно го користиме за болоњезе сосот, за чорби, варива а и како салата со додаток на праз, зејтин и сол.
Јас оваа година го спремав во Гурметот и изненадена сум за колку кратко време се свари значи плус 8 во еден би ја додала и 9 а тоа е зимница.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
ова ми требаше. баХча раЏа ко луда, збунети сме, колку род има, па ќе лета се во сосови :) :) :) :)
Go napraviv denes, a slikava e epten taze, teglite uste se topli :):). Ne go probav, ama i nema zosto da probuvam, znam deka ke e odlicno! Fala za receptot! :)
Дани, еве ја мојата единствена зимница оваа година :-)
Лани го пробав рецептов со малку, па видов дека ова е тоа што ми треба. Како тазе набрани остануваат. Фала ти.