Испечати

Доматно пире

Доматно пире

Состојки

  • 5кг зрели црвени домати
  • 3 лажици сол
  • 6 лажици шеќер

Подготовка

Доматите подготвени на овој начин имаат долг рок на траење. Верувам дека скоро сите подготвуваат домати за во зима и на многу им е познат овој начин, но сепак решив да го споделам за помладите домаќинки затоа што е многу едноставен, а сепак без конзерванс и други додатоци со што се задржува природниот вкус на доматите.
Доматите се мијат и се редат во подлабок сад. Се полеваат со вриена вода, се покроваат и се оставаат така да одседат 5 минути. На овој начин најлесно се одстранува лушпата и тоа домакински-без фира.
Значи доматите се лупат и потоа се рендаат на крупната страна од рендето. Ако сакате пирето да биде без семенки тогаш користете специјална машина за мелење која ги задржува и лушпата и семките. Јас не ги одстранувам семките и затоа ги рендам доматите.
Од како ќе завршиме со рендање се ставаат доматите во подлабок лонец и се варат на средна температура со повремено мешање. Додека се варат доматите се мијат шишиња или тегли и се ставаат во рерна на 100 степени убаво да се загреат-стерилизираат. Од како ќе се сварат доматите се додава шеќерот и солта, се меша и се собира во врелите шишиња. Се затвара убаво, да се олади и се сместува кај другата зимница.
Ова пире редовно го користиме за болоњезе сосот, за чорби, варива а и како салата со додаток на праз, зејтин и сол.
Јас оваа година го спремав во Гурметот и изненадена сум за колку кратко време се свари значи плус 8 во еден би ја додала и 9 а тоа е зимница.