Се мелат доматите, пиперките и морковите и се ставаат да се варат. Варат отприлика 1 до 2 часа, убаво да се згусти.
Потоа се додава маслото, киселината, шеќерот, се посолува по вкус. Лукот се додава ситно исечкан, а ако не сакате не го ставајте.
Кога ќе го тргнете од огнот, додајте го ситно исечканиот магдонос.
Соберете го сосот во мали, врели теглички и ставете ги во млака рерна се додека не се оладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови