Додаток за супи, чорби и други варива
Ова не е рецепт кој има прецизни мерки, но се надевам дека ќе фати место во некое домаќинство. Вака подготвен зеленчукот може да се користи за супи, чорби и други варива .
Морковот се мие, чисти и ренда на покрупната страна на ренде.
Целерот се мие, лупи и се ренда исто така. Листовите се двојат и се сушат, а рачките се сецкаат ситно и се додаваат кон морковот и целерот.
Пашканатот се лупи и се ренда. Сите состојки убаво се мешаат и потоа се полнат чаши кои се чуваат во фрижидер за длабоко замрзнување и по потреба се користат.
Вака подготвениот зеленчук може и да се исуши во рерна и да се собере во хартиени кеси.
Многу практично решение за студените зимски денови кога не ни се излегува од дома, а сепак имаме потреба од топол оброк.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови