31
јан
2014
Динстана кисела зелка со печурки
Во тава за пржење се става малку масло и во неа се става исецканиот праз, морковите исто така сецкани и исецкани печурки шампињони.
Сето тоа се меша се додека убаво не омекне празот и морковите.
Се додава киселата зелка којашто претходно ќе биде ситно исецкана.
Се додава и зачин по желба, сол, бибер, оригано.....
Се промешува додека малку да се запржи зелката.
Потоа се додава вода додека добро да се залие.
Се остава на тивок оган да се динста се додека зелка не биде омекната.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови