25
апр
2022
Див ориз со маринирани печурки
Во овој рецепт направив измена на некои состојки.
1. На пример ги заменив свежите печурки со маринирани. Во кацерола го запржив кромидот, па потоа ги додадов мешавината од печурки. Запржив кратко, и зачинив со мајчина душица и мајоран. Додадов сол и црн бибер, а потоа и оризот. Ја додадов коцката за супа разматена во топла вода. За крај налив бело вино.
2. Запржив се, промешав, па префрлив во тавички. Ставив да се потпече, и при крајот ги извадив, наросив ситно сецкан магдонос, и пак вратив во рерна. Имавме преубаво посно јадење. На здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови