21
окт
2014
Маринирани печурки
Доколку одлучите печурките да ги проготвите според овој рецепт, тие ќе го зачуваат нивниот одличен вкус и можете да ги чувате цела година и да ги користите во сезони кога свежи печурки нема никаде.
Не се потребни многу состојки, само сол и вода и свежи печурки.
Печурките ги миеме и ги чистиме (доколку има делови од нив кои треба да се отстранат).
Ги полниме печурките во тегла, ги посолуваме и ги залеваме со врела вода.
За да се вакумираат, ја загреваме рерната на 200 степени, ги редиме теглите и по 5-10 минути ја исклучуваме рерната.
Ги оставаме теглите да стојат преку цел ноќ.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А што врста на печурчиња стави во тегличкиве?
обожавам печурки, ама кога ќе ги купам брзо се расипуваат, ова е ептен супер :)