Испечати

Маринирани печурки

Маринирани печурки

Состојки

  • 2 кг. свежи печурки
  • по вкус сол
  • 2 л. вода

Подготовка

Доколку одлучите печурките да ги проготвите според овој рецепт, тие ќе го зачуваат нивниот одличен вкус и можете да ги чувате цела година и да ги користите во сезони кога свежи печурки нема никаде.

Не се потребни многу состојки, само сол и вода и свежи печурки.

Печурките ги миеме и ги чистиме (доколку има делови од нив кои треба да се отстранат).

Ги полниме печурките во тегла, ги посолуваме и ги залеваме со врела вода.

За да се вакумираат, ја загреваме рерната на 200 степени, ги редиме теглите и по 5-10 минути ја исклучуваме рерната.

Ги оставаме теглите да стојат преку цел ноќ.