Див ориз со маринирани печурки
Состојки
- 200гр ориз
- 450 гр мешани маринирани печурки
- 1 коцка за супа
- 1мала лажичка мајоран
- 1лажичка мајчина душица
- 1 кромид
- 100мл бело вино
- 50мл маслиново масло
- 1лажичка сол и црн бибер
Подготовка
Во овој рецепт направив измена на некои состојки.
1. На пример ги заменив свежите печурки со маринирани. Во кацерола го запржив кромидот, па потоа ги додадов мешавината од печурки. Запржив кратко, и зачинив со мајчина душица и мајоран. Додадов сол и црн бибер, а потоа и оризот. Ја додадов коцката за супа разматена во топла вода. За крај налив бело вино.
2. Запржив се, промешав, па префрлив во тавички. Ставив да се потпече, и при крајот ги извадив, наросив ситно сецкан магдонос, и пак вратив во рерна. Имавме преубаво посно јадење. На здравје да ви е.