Подготовка:

1. Прво јаболката ги лупиме и ги сецкаме на коцки. Ги ставаме во тенџере, додаваме вода, сок од лимон, шеќер и цимет. Вариме на тивко, околу 10 минути. Внимаваме да не се претворат во пире, туку да се познаваат коцкичките. Тргаме од оган и оставаме да се излади.
2. Сега во тенџере ставаме млеко, прашок за пудинг и шеќерот. Вариме до згуснување. Додаваме путер и промешуваме енергично.
3. Во нутрибулет ги ставаме бисквитите со цимет и ги мелeме. Додаваме растопен путер. Соединуваме.
4. Смесата ја распоредуваме во 4 чаши на дното. Врз нив ставаме по 2 големи лажици од пудингот. Го матиме шлагот. Тука ги додаваме испржените јаболка. Соединуваме. Врз пудингот ставаме по 2 лажици од нив. Декорираме со цимет и ливчиња нане.
5. Оставаме во фрижидер да се излади десертот, па послужуваме.
Јас додадов и сладолед од карамела, пред консумирање. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани