Декоративно пециво
Во сад ставете ги јајцата, квасецот, маслото, млекото, солта, шеќерот и пола од брашното. Изматете ги со миксер со мешалките за тесто да се собие изедначена смеса. Потоа продолжите да додавате уште од брашното и постојано мешајте го. Треба да добиете тесто малку помеко и полепливо од она за клафли со кое може да се работи со сукало. Затоа е најдобро да се користи миксер.
Откако тестото е убаво измесено додајте ги останатите состојки и доизмешајте ги да се изедначат.
Тестото покриено оставете го да одмори 20 мин.
Со намрсени раце премесете го, кините делчиња и редете ги во силиконски калапи за мини куглофи, пралини,мафини и сл.или некои направете ги само мали колаченца. Јас направив форми со тие што ми се на располагање.
Оставете ги да скиснат околу 20 минути. По желба можете да ги премачкате со изматено јајце и да ги наросите со сусам или други семки.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин да добијат кремаста боја.
Кога ќе ги извадите од рерна одма премачкајте ги со путер, оставете ги да подоладат и соберете ги во најлонска кеса до нивното служење.
Лиценца: Сите права се задржани
Ako ima dr.prasanje poveli, tuka sum :)