Се зоврива водата со шеќерот и се остава да врие 3-4 минути.
Се зема дел од топлиот шербет и во него се раствора млекото, па се враќа во тенџероето со останатиот шербет и убаво се меша на жешка и исклучена рингла.
Се додава маргаринот исто така и се меша додека сосема се стопи.
На крај се додаваат кокосот и бисквитите и убаво се меша.

Смесата се дели на 2 дела. Во едниот се додава стопено бело, а во другиот црно чоколадо.

Со светлиот фил се филова обландата за рафаело и врз неа се става половинката лист од обланда. Убаво се потиснува насекаде рамномерно со рацете и потоа се филова со темниот фил. И врз него се става втората половинка од листот обланда. Исто убаво се порамнува и благо притиснува со рацете насекаде, се става некој не многу тежок предмет 15-20 мин да залепи, па се префрла во фрижидер подобро да се здрви.

Се сечи на штанглички

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани